Tuesday, Apr 23, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаГрција ги користи мигрантите за пазар со ЕУ – Нас ќе ни ги тупнат

Грција ги користи мигрантите за пазар со ЕУ – Нас ќе ни ги тупнат

Деновиве се одржува Самит на ЕУ предводен од шефовите на влади на држави на кој една од главните теми ќе биде миграцијата и справувањето со илјадниците мигранти кои поминуваат и низ Македонија. Првичните информации велат дека нема да помине планот за квоти со кои требаше да им се помогне на дел од бегалците привремено да престојат во одредена европска земја, но од разговорите се гледа еден многу поголем проблем, а тоа е улогата на Грција во целата криза.

migranti 2

Советот на ЕУ најверојатно ќе донесе одлука за создавање на карантини во влезните држави на мигрантите како Грција, Италија и Малта, за што ќе треба да се издвојат големи финансиски средства за нивниот престој. Грција во моменталната финансиска криза и одбивањето да ги превземе обврските кон кредиторите е во добра позиција да се „ценка“ бидејќи се оправдува со голема бегалска криза од Африка и Блискиот исток.

EU-council

Исто така планирано е да се одржат два посебни самити за бегалците, еден во Малта каде ќе се разговара со земјите од Африка за спречување на шферцот на мигранти и нивна злоупотреба, а вториот ќе се одржи во Букурешт на кој ќе се разговара со земјите од Западен Балкан. Сепак, предлогот да се помогне во прием на околу 40 илјади мигранти во одреден временски период на територија на ЕУ ќе биде одбиен, што значи дека ќе останеме сами да се справуваме со потенцијална хуманитарна криза.