Saturday, Apr 20, 2024
HomeДЕНЕШНАРегионГрција денеска одучува за својата судбина

Грција денеска одучува за својата судбина

Грците денеска гласаат за предлогот на меѓународните кредитори за решавање на должничката криза. Грција денеска се соочуваа со две подеднакво болни перспективи – долгогодишни рестриктивни мерки за штедење или потенцијален катастрофален излез на земјата од еврозоната, а прашање е дали со гласањето ќе се избегне и едното и другото.

Гласачките места денеска се отворени во седум часот наутро, и ќе останат отворени до 19 часот, а првите резултати се очекуваат околу 21 часот.

Прашањето на референдумот инициран од Ципрас, гласи: „Дали да се прифати нацрт договорот што го претставија Европската комисија, Европската централна банка и Меѓународниот монетарен фонд на средбата на Еврогрупата на 25 јуни 2015 и кој се состои од два документи и сочинува единствен предлог? Првиот документ е насловен Реформи за довршување на актуелната програма и по неа, а вториот Прелиминарна анализа на одржливоста на долгот“.