Saturday, Apr 20, 2024
HomeФЕР ПЛЕЈГрција бесна: Македонија под уставното име на ЛОИ во Бразил

Грција бесна: Македонија под уставното име на ЛОИ во Бразил

Македонија настапува под уставно име на Олимписките Игри во Бразил. На официјалниот сајт на Рио 2016, во листата на земји учеснички, организаторот го навел уставното име на државата и покрај тоа што Македонија во Светскиот Олимписки Комитет е примена под привремената референца ФИРОМ.

rio 2016

На ова Грчкиот олимписки комитет најави дека ќе се превземе мерки, се додека не се смени името на страницата. За сега ОИ не именуваат како МКД, додека Грчиот комитет бара тоа да се промени во ФИРОМ. Исто така во неколку најави се користи името Македонија.

При ваква ситуација Грција речиси без исклучок реагирала и во минатото, па ова е уште една сосема очекувана реакција од нашиот јужен сосед. Останува само да видиме дали организаторот ќе подлегне на грчкиот притисок и ќе направи промена во употребата на името Македонија.