HomeДЕНЕШНАСветГрозоморниот сериски убиец од Британија наскоро на слобода?

Грозоморниот сериски убиец од Британија наскоро на слобода?

Дејвид МекГриви кој е познат под називот монструм, уби три деца и нивните тела ги ставил на ограда. Хоророт се одвивал на Петок 13, а овој незапаметен злочин од Британија ја шокираше јавноста. Сега, убиецот  може да биде ослободен по трите крвави убиства.

Дејвид МекГриви чувал деца, а кога едно бебе почнало да плаче, тој полудел и ги претепал сите до смрт. Едно задавил, а на друго му го пресекол грлото.

Тој на Петок 13 во 1973 година имал само 21 година кога го извршил крвавиот злочин. Извор од затворот зборува дека тој има слобода да прави што сака. Бидејќи веќе го пуштале на условна слобода, сега постои можност да биде конечно ослободен.

МекГриви инаку бил потстанар кај парот чии деца ги убил. Саманта, која имала девет месеци почнала да плаче. Тој полудел и го претепал бебето до смрт. Пол, кој имал 4 години, го задавил, а на Дауни, која имала две, ѝ го пресекол гркланот. Полицијата несреќните деца ги пронашла прободени на оградата од соседната куќа.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com