Friday, Apr 19, 2024
HomeДЕНЕШНАСветГром удри на концерт во Германија, неколкумина повредени

Гром удри на концерт во Германија, неколкумина повредени

Неколку луѓе се повредени во Германија во удар на гром за време на познатиот рок-фестивал на отворено Rock am Ring, соопшти ноќта кон саботата портпаролот на полицијата.

Точниот број на настрадани не е соопштен. Настапот на музичарите беше прекинат.

Лошите временски услови погодија десетици илјади гости на фестивалот кој традиционално се одржува од 3-ти до 5-ти јуни во градот Мендиг, во сојузната Рајнска област-Пфалц.

Германската метеоролошката служба предупреди дека во областа претстојниот викенд е можно силно невреме со поројни дождови.