Wednesday, Apr 24, 2024
HomeДЕНЕШНАСветГром уби седум лица во Мексико

Гром уби седум лица во Мексико

Седум членови на едно семејство во државата Гванахуато во Мексико настрдаа од гром, соопштуваат локалните власти.
Меѓу жртвите се четири малолетници на возраст од 3, 5, 9 и 14 години, и три жени стари 19, 32 и 44 години.
Громот ги удрил додека работеле на нива во местото Меса Куата во планинската зона во близина на градот Кверетаро. Громот вчера удрил во планинско подрачје кое пред тоа било изложено на страшно невреме.