Friday, Mar 29, 2024
HomeДЕНЕШНАРепубликаГром го запали Исарот над Штип

Гром го запали Исарот над Штип

Гром удрил во близина на куќи во Штип попладнево. Се запалила сува трева во повисокиот дел на градот, кај тврдината Исарот, но жителите ја повикале противпожарната екипа. Опожарувајќи ја сувата трева, а потпомогнат од ветрот, огнот бргу се проширил на првите куќи во подножјето на овој дел од градот.