Friday, Mar 29, 2024
HomeФЕР ПЛЕЈФудбалГризман ја „отпиша“ Барселона од одбрана на трофејот во ЛШ

Гризман ја „отпиша“ Барселона од одбрана на трофејот во ЛШ

Реванш средбата во четвртфиналето од Лигата на шампионите заврши кобно за каталонскиот гигант, откако Атлетико Мадрид со 2-0, односно вкупен резултат 3-2 ја елиминираше Барселона и се пласираше во полуфиналната фаза.

Напаѓачкто трио Нејмар-Меси-Суарез беше речиси невидливо на Висенте Калдерон, посебно аргентинскиот напаѓач кој не упати ниту еден шут кон голот на Облак, што му се случува прв пат по 2014 година и тоа против истиот стратег на мадридскиот тим.

Антоан Гризман беше херојот на вечерта за домаќините. Првата посериозна закана ја претвори во гол и тоа во 36-та минута по прекрасната асистенција на Саул. Силниот пресинг на избраниците на Енрике во вторите 45 минути од средбата не беше доволен за да се постигне макар и еден погодок кој би ги одвел Каталонците чекор напред кон одбрана на тронот. Во 88-та минута, Иниеста играше со рака во казнениот простор, со што беше досуден пенал кој Гризман успешно го реализираше за конечни 2-0.

Останатите екипи кои се дел од најдобрата четворка се Баерн Минхен, Реал Мадрид и Манчестер Сити. Ждрепката за оформување на полуфиналните двојки ќе се одржи в петок, 15-ти април.