Thursday, Apr 25, 2024
HomeДЕНЕШНАРепубликаГрипот зема замав

Грипот зема замав

Двојно зголемување на заболените од грип – јавува Институтот за јавно здравје . Во текот на оваа недела биле пријавени 611 граѓани со симптоми на грип  а бројот на заболените се очекува да расте.

Владимир Микиќ  докотр од Институот за јавно здравје посочува дека во втората половина од јануари и февруари се очекува зголемување на бројот на заболени лица а тоа го потврдува и фактот на епидемиолошките податоци кои досега се обработени.

Докторите препорачуваат граѓаните да се држат до советите за превенција на грип , односно да оддржуваат што е можно повеќе хигиена со редовно миење на рацете , избегнување на контакт со лица кои имаат симптоми на грип а доколку боледувате од грип да се избегнува одење на работа за да се намали ширењето.

Како најсигурна заштита се препорачува вакцинацијата која е особено поволна за хронично болните, деца со слаб имунитет и постарите лица.

bolnica