HomeИЗДВОЈУВАМЕГринпис е многу повеќе од спектакуларни акции, интервју со Џузепе Онуфрио

Гринпис е многу повеќе од спектакуларни акции, интервју со Џузепе Онуфрио

green-peace2

Најпознати еко активисти низ светот се секако Гринпис кои од 70-тите водат битка со корпорациите и владите за одговорно однесување и заштита на природата со атрактивни акции и протести кои ќе останат запаметени во историјата. Гринпис за прв пат се посвети на климатските промени во 90-тите кога е активирана и нивната прва кампања за ова се посериозно прашање и ја продолжи политиката на втурнување на активистите во ризични акции кои тие целосно ги прифаќаат, па дури и под закана да бидат уапсени.

Репортерот на Позитив.мк, Христијан Станоевиќ се наоѓа во Италија и разговараше со Џузепе Онуфрио, директорот на Гринпис Италија.
greenpeace
Позитив: Колку Вашиот модел на силен активизам може да го применат останатите еколошки организации и иницијативи, особено во Македонија и на Балканот?

Џузепе Онуфрио: Ние имаме национална канцеларија во Рим но, не и во другите градови низ Италија. Гринпис работи сосема самостојно и не прифаќа донации од влади и институции за да ја одржи својата независност. На Балканскиот простор функционираат одлични организации, ние имаме присуство во Хрватска и Албанија, но како што напоменав од финансиски причини не можеме така лесно да се прошириме насекаде. Секако, стоиме на располагање за соработка, совети и насоки.

Позитив: Гринпис со децении успева да го привлече вниманието со „спектакуларните“ акции кои веднаш го привлекуваат вниманието на јавноста и медиумите, раскажете ни нешто повеќе околу пораките кои ги пренесувате?

Џузепе Онуфрио: Нашата философија на акции е дали една слика може да раскаже што се случува. Ако е тоа доволно да го пренесат медиумите и да стане главна тема на разговор тогаш значи сме ја постигнале целта. Секако, не критикуваат дека поважен ни е спектаклот отколку пораката, но тоа не е така. Внимателно и стратешки работиме на смислување и реализирање на секоја акција и тоа не е инцидентно како што на површина изгледа, Се соочуваме со казни и законски санкции, но одредени проблеми не смееме да ги оставиме, мора да се бориме.
greenpeace-protest
Позитив: Гринспис денес е една од најраспространетите организации за животна средина со 3,5 милиони членови и 26 канцелари низ повеќе од 50 земји во светот, што зборува за големиот интерес на луѓето за екологијата. Колкав е ефектот, дали можете да посочите некој позитивен пример?

Џузепе Онуфрио: Луѓето активно се вклучија во собирање на потписи за петиции против големи економски проекти кои, иако беа инвестициски оправдани ќе имаа тешки последици врз животната средина. Против изградба на голема брана во Бразил се собрани 1.2 милиони потписи со што е заштитено и домородното население. Во Италија како позитивен пример се издвојува собирањето на средства за изградба на капацитети за солана енергија кои биле блокирани од бирократи по лобирањето на фосилната индустрија. Наметнатите казни кои требало да го спречат проектот биле платени со донации од членовите, активистите и граѓаните за само неколку дена. „Собирањето потписи, организирање на петиции и рефендуми е добро бидејќи покажува дека населението е повеќе одговорно од политичарите и бизнисмените, но секако не е доволно. Потребни се и соодветни решенија, ако веќе се спротиставувате на одреден економски проект кој би донел стотина работни места, а ќе е штетен за животната средина треба да се најде и алтернатива и тоа е сосема возможно.
greenpeace-protest-1
Според Гринпис мора да се вложува во обновливи извори на енергија кои се поисплатливи и побрзо го враќаат вложеното отколку кај фосилната индустрија. Еко активизмот не треба да биде ексклузивен само за невладините организации, бидејќи одоговорниот начин на живот и почитување на животната средина и природата треба да биде обврска и определба за секој поединец, организација или компанија.

Репортер: Христијан Станоевиќ

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com