Thursday, Mar 28, 2024
HomeАНТИСТРЕСПатувањеГрешки кои не смеете да ги направите со деца во авион

Грешки кои не смеете да ги направите со деца во авион

Летното време може идеално да се искористи за патување надвор од државата но, ако имате мали деца може да биде проблематично при летот со авион. Затоа треба да внимавате на неколку детали за да имате удобно патување, да не ги вознемирите патниците околу вас, а и на самите деца да им биде полесно во авион.

 

kids plane

 

Експертите за детска психологија и семејство препорачуваат најпрво да најдете лет во време кога децата обично заспиваат и безгрижно да го поминат патувањето. Во спротивно треба да ги подгтовите за промена на секојдневната рутина на јадење и спиење, а потоа лесно да се вратат на старите навики.

 

За пакувањето најголемите грешки се понесување на секоја играчка, козметика, препрати и шишенца за хранење. Наместо да ја спакувате целата покуќнина, најдобро е да ги одберете неопходните предмети и да не се грижите за огромен багаж со вас кој ќе го влечете.

kids plane2

Во текот на летот, особено ако тој трае подолго не им дозволувајте на децата постојано да ги користат телефоните, таблетите и електронските уреди гледајќи видеа или играјќи игри. На нив ќе им треба време за одмор, па и кратка дремка со што ќе бидат подобро прилагодени за летот и нема да ве вознемируваат. Следете ги овие едноставни совети и немојте да бидете токму оние патници со деца кои вриштат и скокаат низ авионот привлекувајќи ги погледите со осуда од останатите патници.