HomeАНТИСТРЕСЖуркиGreen Velvet и Erick Morillo вечерва ќе настапат на Скопско лизгалиште

Green Velvet и Erick Morillo вечерва ќе настапат на Скопско лизгалиште

Фановите на електронската музика, вечерва на Скопско лизгалиште ги очекува единствениот целовечерен настан SOUNDBOX кој ексклузивно и прв пат во Македонија претставува двајца великани од американската диџеј сцена! Со реноме кое гарантира префинет електронски звук и извонредно музичко доживување, на SOUNDBOX доаѓаат: ексцентричниот GREEN VELVET – еден од водечките техно и хаус диџеи во светот познат по култните нумери „Flash“, „La La Land“, „Answering Machine“ и бројни хитови кои го дефинираа техно жанрот; како и херојот од денс музиката ERICK MORILLO – платинестиот добитник на престижни награди, основач на легендарната Subliminal Records и врвен светски промотор на сите стилови на хаус музиката.

Покрај нив, во листата на изведувачи за овој настан се запишуваат диџеите АЛЕКСАНДАР МИСКОСКИ и МАЦИ СТОЈАНОВИЌ кои, на единствената забава која вкупно ќе трае повеќе од 6 часа, ќе го претстават звукот на домашната електронска сцена.

SOUNDBOX настанот во организација на Password Production и EEMM Group,  вечерва е со почеток во 22:00 часот, а влезот за посетителите ќе биде отворен од 21:30 часот.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com