HomeРЕФЛЕКТОРМузика„Green day“ добитник на „MTV“ награда за глобална икона

„Green day“ добитник на „MTV“ награда за глобална икона

grin-dej-f2

Култниот американски панк-рок состав „Green day“ е овогодинешниот добитник на „MTV“ наградите за глобална икона, која ќе им биде врачена на предстоечкото доделување на европските „MTV“ награди во Ротердам на 6 ноември. Составот може да се пофали со кариера подолгаод две децении, три освоени европски „MTV“ награди и влегување во ценетата „Куќа на славни личности на рокенролот“.

Последниот студиски материјал „Bang bang“ 12 по ред, го издадоа во октомври. На овогодинешното доделување на „MTV“ европските музички награди ова рок трио беше номинирано во две категории: за најдобар настап во живо и за најдобри рок изведувачи. „ „Green day“ е без сомнение еден од највлијателните рок бендови во светот. Во текот на овие две децении создаваа обожаватели ширум светот благодарение на својот моќен звук“, изјави Брус Гилмер, извршниот продуцент на „2016 МТВ ЕМА“.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com