HomeРЕФЛЕКТОРМузика„Green Day“ ограбува банка во новиот спот! (ВИДЕО)

„Green Day“ ограбува банка во новиот спот! (ВИДЕО)

После непланираната четиригодишна пауза, познатото панк трио се враќана голема врата! Во новиот спот „Green Day“ се претвараат во маскирани ограбувачи кои сакаат да влезат во банка. Синглот „Bang bang“ доаѓа со албумот „Revolution Radio“, кој излегува на 7 октомври. Спотот го режираше Тим Армстронг, а музичарите се појавуваат во улога на ограбувачи на банка.

Имаат гумени маски па изгледаат како опасна верзија на членовите на бендот. Во меѓувреме, вистинскиот бенд свири на домашна забава и ја изведува новата песна. Додека „Green Day“ се окупирани со приредување на добра забава на гостите, дознаваме дека криминалците се всушност деца.

Били Џо Армстронг откри за „Ролингстоун“ дека песната била напишана од агол на масовен убиец. „Се случува насилство, но целото тоа сите го следиме преку социјалните мрежи. За мене тоа е многу чудно“, изјави фронтоменот на групата, објаснувајќи како настанала песната.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com