Friday, Mar 29, 2024
HomeДЕНЕШНАРегионГрчките сеизмолози предупредуваат за можни силни земјотреси

Грчките сеизмолози предупредуваат за можни силни земјотреси

Грчките сеизмолози предупредуваат дека постои акумулирана енергија која може да се ослободи, што би резултирало со силни земјотреси.

Сеизмолозите зборуваат за „акумулација на енергија“ која може да резултира со страшни земјотреси. Ги повикуваат властите веднаш да преземат мерки за заштита и да направат инспекција за издржливоста на градбите.

Четири врвни сеизмолози, неколку дена по катастрофалниот земјотрес од 6,2 степени во Италија, преку медиумите ги испратија своите пораки и предупредувања, но појаснија дека акцентот нема врска со земјотресот кој ја погоди Италија, бидејќи растојанието е огромно, за да се влијае на сеизмичка активност во Грција.

– Фактот што долго време во Грција немало силен земјотрес, со исклучок на Кефалонија, значи дека постои акумулација на енергија, некои пукнатини веќе се пополнуваат и порано или подоцна треба да се ослободат – рекол за „Риал њуз“ директорот на Институтот за геодинамика во опсерваторијата во Атина, Акис Целентис.