Friday, Mar 29, 2024
HomeДЕНЕШНАРегионГрчките опозиционери се тркаат за лидерската позиција „бранејќи“ ја Македонија

Грчките опозиционери се тркаат за лидерската позиција „бранејќи“ ја Македонија

Македонија – главен адут во кампањата на грчките опозиционери за лидерската позиција во Нова Демократија. Актуелниот лидер и неговиот противник со остра реторика за прашањето со Македонија, бараат поддршка од членството.

Лидерот на конзервативците, Вангелис Меимаракис, истакна дека и покрај кризата, националните прашања мора да се „бранат“.
– Македонија е грчка, истакна Меимаракис, исто како што го заврши својот говор во Парламентот во петокот. Тој потсети на „едногласната одлука на Парламентот која доведе до одлуката во Букурешт“.

Апостолос Ѕиѕикостас го посети Лерин и присуствуваше на одбележување на „Денот на сеќавање на македонската борба“ и испрати порака до грчката Влада „да не се осмелува да си игра со Македонија“.
– Со интересите на земјата не смее да се игра. Не се осмелувајте да си играте со Македонија. Грција има јасна национална позиција и не треба да преговара, рече Ѕиѕикостас.

Говорите на кандидатите доаѓаат по објавувањето на содржината на доверливото писмото што шефот на грчката дипломатија, Никос Коѕијас, го испрати до сите партии и во кое бара да се изјаснат кое име и кој модел е прифатлив за нив за решавање на спорот за името на Македонија.