Friday, Apr 19, 2024
HomeДЕНЕШНАРегионГрчките бродови ќе останат на пристаништата – 48-часовен штрајк

Грчките бродови ќе останат на пристаништата – 48-часовен штрајк

Бродовите во Грција во вторник и во среда ќе останат во пристаништата, вака реши синдикатот на морнарите, кој прогласи 48-часовен штрајк, пишува Ekathimerini.

Морнарите протестираат против реформите во социјалниот систем и против измените во регулативите на пазарот на трудот, кои владата на Грција им ги вети на доверителите. Во официјално свое барање Синдикатот соопшти дека морнарите го “обединуваат својот глас со другите работници во земјата да се укинат предложените мерки”.