Wednesday, Apr 24, 2024
HomeДЕНЕШНАРегионГрчкиот парламент усвои дел од реформите кои ги бараат кредиторите

Грчкиот парламент усвои дел од реформите кои ги бараат кредиторите

Грчкиот парламент ноќеска ги усвои првите реформи кои ги бараат кредиторите како услов  за да и испратат нов пакет за помош на земјата

. Мерките се однесуваат на  зголемување на ДДВ, мерки за пензиите и усвојување на буџетски правила.

Во гласањето,, Сириза” доби поддршка од суверенистичката десна партија Анел но во редовите на Сириза имаше многу гласови против. 39 пратеници му се спротивставија на премиерот Ципрас кој бараше усвојување на реформите. Помеѓу нив беа поранешниот министер за финансии Јанис Варуфакис и претседателката на Парламентот Зое Константинопулу.

Додека дебатата се одвиваше во Парламентот, на плоштадот ,,Синтагма” демонтрантите против овие мерки се судрија со полицијата