Tuesday, Jun 27, 2017
HomeДЕНЕШНАРегионГрчкиот парламент го одобри третиот пакет финансиска помош

Грчкиот парламент го одобри третиот пакет финансиска помош

Грчкиот парламент утрово го изгласа предлог законот за третиот пакет финансиска помош. Со него се предвидува зголемување на даноците и кратење на трошоците во замена за заем од 85 милијарди евра. По цела ноќ парламентарна дебата, утрово пратениците го изгласаа законот, неколку часа пред состанокот на министрите за финансии на земјите на еврозоната на кој точка на дневен ред е договорот на Атина и меѓународните кредитори.

Премиерот Ципрас се соочува со голем отпор во партиските редови уште откако во минатиот месец и покрај одржаниот референдум на кој Грците отфрлија натамошни тешки реформи и штедења, сепак се согласи да преговара за нови кредити. И на парламентарната дебата за новиот закон Ципрас се соочи со отпор од своите сопартијци, според кои изгласувањето на трет пакет помош значи прекршување на предизборните ветувања.