Tuesday, Apr 23, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаГрчкиот министер за надворешни работи утре во работна посета на Скопје

Грчкиот министер за надворешни работи утре во работна посета на Скопје

Грчкиот министер за надворешни работи Никос Коѕиас утре ќе допатува во Република Македонија. Тој во Скопје ќе се сретне со министерот за надворешни работи Никола Попоски, а потоа според грчкото МНР, ќе разговара со вицепремиерот задолжен за европски прашања Фатмир Бесими. На агендата е и прием кај премиерот Никола Груевски и кај претседател Ѓорге Иванов, со кого ќе има и работен ручек.

Мерките за градење доверба, засилување на економската соработка, како и билатералните прашања, вклучувајќи го и прашањето за името ќе бидат на агендата на разговорите на Коѕиас. Македонија е првата станица од мини балканската турнеја на грчкиот шеф на дипломатијата со цел, како што тврди официјална Атина, зацврстување на врските и соработката на Грција со балканските држави и одржување на регионалната стабилност.