Thursday, Mar 28, 2024
HomeДЕНЕШНАРегионГрчкиот бизнисмен, Кирјакос Мамидакис си пукаше во глава

Грчкиот бизнисмен, Кирјакос Мамидакис си пукаше во глава

Грчкиот бизнисмен Киријакос Мамидакис чија нафтена компанија „Mамидоил Џетоил“ банкротираше во јуни, извршил самоубиство во својот дом во предградието Дионис во Атина, јавува Телма Мамидакис си пукал во главата. Телото го пронашол неговиот зет попладнето, а пиштолот бил до него.

Според првичните информации во собата бил лоцирана и уште една трага од куршум што според истрага значи дека пред кобниот куршум имало уште еден обид за пукање. За сега не е најдено никакво проштално писмо од Мамидакис, но истрагата е во тек. Анонимен грчки официјален полициски претставник за Ројтерс изјавил дека екипи на полицијата се во куќата на починатиот и спроведуваат истрага за трагичниот настан.

Првите неофицијални извештаји за неговата смрт зборуваат за самоубиство заради финасиски проблеми. 84-годишниот Мамидакис беше извршен директор на ,,Мамидоил-Џетоил,, која прогласи банкрот компанија на 9 јуни. Компанијата се соочуваше со финансиски тешкотии во последните две години, а при соопштување на одлуката за банкрот компанијата имаше долгови од 314 милиони евра а само 600 илјади евра на сметката.

Првите луѓе на Мамидоил-Џетоил во петокот поднеле барање до судот за заштита од присилна наплата на долговите од страна на доверителите се до официјалното прогласување банкрот, за што судот има закажано рочиште на 1 ноември.

„Мамидоил Џетоил“ има 600 бензински пумпи во Грција и удел на пазарот во бизнисот со гориво со 8,5 %. Компанијата има пет подружници на Балканот. Според информациите, поради грчката рецесија компанијата загубила 30 отсто од профитот, а долговите се должат и на лоши потези од менаџментот на фирмата како купување на две помали компании Dracoil и El Petrol, кои наместо подобрување на активностите доведоа до долгови. Менаџментот се обидувал со месеци да најде нови инвеститори, меѓутоа поради тепката ситуација не успеале да најдат некој кој ќе успее да ја спаси.

Мамидакис имаше спор и со македонската рафинерија Окта откако грчките газди на Окта, Хеленик петролеум, го раскинаа договорот со Мамидакис да мораат да купуваат нафта само од неговата компанија, договор кој Окта го потпиша со Мамидакис уште додека беше во државна сопственост. Семејството Мамидакис исто така се вклучени во производството на масло и вино, како и во превозот и хотелскиот менаџмент.