Thursday, Mar 28, 2024
HomeДЕНЕШНАРепубликаГрчки цариник оштетил македонско возило

Грчки цариник оштетил македонско возило

Скопјанец вчера се вратил со оштетен камион. Тој на граничниот премин „Богородица“ пријавил дека му бил оштетен камионот во Солун.

Додека скопјанецот службено бил во солунското пристаниште со товарното моторно возило, во текот на извршувањето на царинските формалности, грчки цариник со син спреј му ја испрскал задната регистарска табличка на полуприколката при што целосно била покриена ознаката “МК“. Настанот не е пријавен во грчката полиција.

Инаку во текот на годинава на ГП “Богородица“ досега се евидентирани 14 случаи на оштетување на возила или регистарски таблички сопственост на наши државјани кои биле во соседна Грција.