Thursday, Mar 28, 2024
HomeДЕНЕШНАРегионГрчката амбасадорка разрешена зошто одбила да стави вето за Македонија

Грчката амбасадорка разрешена зошто одбила да стави вето за Македонија

Скандалот во Атина со повлекувањето на грчката амбасадорка Александра Пападопулу од Брисел е поврзано и со Македонија. Нема официјално објаснување, а грчките медиуми обелоденуваат дека Пападопулу, која пред да замине за Брисел беше амбасадор во Скопје, одбила да стави вето на заклучоците за Македонија што Европскиот Совет ги усвои на 23 јуни.

Спорно за Грција во овие заклучоци кои беа донесени по првиот Договор од Пржино била реченицата дека Македонија има целосно право да стане членка на ЕУ. Пападопулу не ја послушала инструкцијата од Атина и дала согласност за текстот од состанокот на Европскиот Совет во Луксембург. Шефот на дипломатијата Никос Коѕијас во неговот експозе во парламентот не го спомена нејзиното име, но индиректно ја кажа причината за разрешувањето.

Исто така е правило дека кога министер треба да стави вето на важно национално прашање, ниту еден дипломат нема право да го повлече затоа што не му се допаѓа или е под притисок од трета страна, изјави Никос Коѕијас, министер за надворешни работи на Грција. Тој дојде во посета на Македонија само два дена откако беше усвоена Декларацијата во Луксембург. Заедно со министерот Попоски ги промовираа мерките за градење доверба, кои се уште не се прецизирани заради изборите во Грција.

Амбасадорката Пападопулу била отповикана уште пред изборите, но потоа вратена на функција од преодната влада. Сега министерот Коѕијас пак решил да ја повлече. Декларацијата за Македонија не е единствениот грев што и се припишува на на Пападопулу. Таа, според медиумите, одбила да стави вето и на уште еден документ на Европската Унија кој се однесувал на правата на грчкото малцинство во Албанија.

Случајот го откри поранешната министерка Дора Бакојани, која го жестоко го критикуваше Коѕијас во Парламентот. Дипломатските кругови во Атина се вознемирени и затоа што искусната Пападопулу не само што е разрешена, туку е и деградирана и треба да избере дали ќе ја продолжи кариерата во Конго, Босна или Уругвај откако беше на две клучни амбасдадорски функции во Скопје и Брисел.

извор: Телма