Friday, Apr 19, 2024
HomeДЕНЕШНАРегионГрчикте банки ќе отворат од понеделник – ЕЦБ се сомнева

Грчикте банки ќе отворат од понеделник – ЕЦБ се сомнева

Грчките банки се очекува да отворат одново во понеделник (20-ти јули), но при ограничен износ на трансакциите, а во исто време ќе биде зачуван и дневниот лимит за влечење до 60 евра, изјавил синоќа заменик-министерот за финансии, Димитрис Мардас.

Понудените услуги од банките ќе се прошират од понеделник, посочил тој за грчката телевизија „ERT“.

Мардас изјавил дека ограничувањето од 60 евра на ден ќе остане во сила, но владата работи на можноста луѓето да го акумулираат овој лимит за неколку дена.

Во случај дека некој не сака да ги добие своите 60 евра во понеделник и сака да го стори тоа во вторник, тогаш тој ќе може да повлече вкупно 120 евра или пак 180 евра во среда. Овој предлог е во процес на развивање и ние сметаме дека е технички можно, додал тој.

Според него целокупната нормализација на банкарските трансакции ќе биде постепено, но без да се ангажира со конретни рокови.

Од ЕЦБ изразија сомневање во врска со претпоставката на властите во Атина, дека банките во земјата ќе ги отворат во понеделник.