Tuesday, Apr 23, 2024
HomeДЕНЕШНАСкопјеГрчев: Ова што се прави на кејот е бандитизам

Грчев: Ова што се прави на кејот е бандитизам

Уништувањето на кејот е противзаконско и криминално дело на Градот и политичките сили кои седат зад него очигледно централната власт, вели архитектот Мирослав Грчев за почетокот на изградбата на улицата на кејот на Вардар.

– Ова што градот Скопје го прави сега е вистински државен бандитизам. Тие немаат надлежност да градат улица на ова место, не затоа што со закон немаат таква надлежност, туку тие ја узурпираат надлежноста сметајќи дека никој не може да им се спротивстави – изјави за телевизијата 24Вести, Грчев.

Според него тој простор е пешачка зона која е предвидена во деталниот урбанистички план која ниту Градот Скопје, ниту општина Центар не можат да ја претворат во улица.