Friday, Apr 19, 2024
HomeДЕНЕШНАРегионГратис автобуско возење во Романија за сите патници што читаат книга

Гратис автобуско возење во Романија за сите патници што читаат книга

Неочекуван предлог од едно момче прераснало во реалност. Виктор Мирон од Романија му предложил на градоначалникот Емил Бок да воведе бесплатно возење за сите што читаат книга во автобус, со што би се поттикнале луѓето да читаат што повеќе кога го користат јавниот превоз.

Bored Panda пишува дека предлогот бил поднесен минатата година, а усвоен во јуни годинава кога во текот на неколку дена патниците со книга в раце можеле бесплатно да се возат во градот Клуј Напока,.

citanje avtobus1Ова момче се залага и за други кампањи во кои го промовира читањето, како што е на пример неговиот проект Bookface, каде луѓето кои за профилни фотографии имаат ставено книга добиваат најразлични попусти во продавници за книги, за храна, во фризерски салони па дури и на забар.