Thursday, Mar 28, 2024
HomeДЕНЕШНАРепубликаГраницата ќе се штити со ограда, мигрантите се понервозни

Границата ќе се штити со ограда, мигрантите се понервозни

Безбедносните сили на Македонија поставуваат заштитна ограда на одредни точки на јужната граница со Грција со цел подобро да се насочува протокот на бегалците, со тоа што на поефикасен начин ќе може да се евидентираат и да ги поминат сите процедури за продолжување на транзитот низ државата.

migranti granica5

Состојбата на јужната граница во секој момент може да ескалира доколу бројот на мигранти кои сакаат да се пробијат се зголеми, па веднаш при поставувањето на оградата имало мали инциденти и неколку припадници на безбедносните сили се повредени.

migranti granica2

Проценките дека се потребни нови засилени мерки на безбедност и регулација на протокот се донесени од координативното владино тело за справување со бегалската криза.

На овој начин потешко ќе има пробиви и можни инциденти со мигрантите кои не потекнуваат од подрачја со воени конфликти и нивниот премим е спречен. Европската унија најпрво ќе мора да се справи со бегалците од Сирија, како и од Ирак и Авганистан, а да ги затвори вратите за економските мигранти кои бараат азил.