HomeДЕНЕШНАСветГранатирана руската амбасада во Сирија

Гранатирана руската амбасада во Сирија

Руската Амбасада во Дамаск е гранатирана вчера, соопшти денеска руското Министерство за надворешни работи, оценувајќи дека станува збор за терористички напад.

Министерството нагласува дека една од гранатите, која е истрелана од област, што ја контролираат бунтовниците, експлодирала во близина на стражарското место пред Амбасадата, додека друга одекнала во близина на влезот на конзуларната служба.

Во нападот нема повредени членови на персоналот на Амбасадата, а материјалната штета се утврдува.

– Потврдуваме дека ќе продолжи руската доследна политика на бескомпромисна борба против терористите во Сирија, порача руското Министерство, осудувајќи го нападот.

ТАСС јави дека областа во Дамаск, во која се наоѓа руската Амбасада била гранатирана два часа.

Во соопштението на руското Министерство се наведува дека една граната завршила на покривот на локално училиште, во близина на руската дипломатска мисија, но таа не експлодирала.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com