HomeДЕНЕШНАПолитикаГраѓаните утре ќе може да го разгледаат Собранието

Граѓаните утре ќе може да го разгледаат Собранието

Собранието на Република Македонија утре ќе биде отворено за посета од страна на граѓаните.

– Тоа претставува можност посетителите да ја разгледаат внатрешноста на зградата како значајно историско обележје на македонската државност и да добијат одговор на нивните прашања, соопштија од Собранието на Република Македонија.

Собранието, како што потсетува прес-службата, е отворено за посета секој последен петок во месецот, а заинтересираните граѓани потребно е да се пријават на телефон 02/3113-683 или на е-маил s.stamenkovska@sobranie.mk, најдоцна пет работни дена пред посетaта.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com