Thursday, Apr 25, 2024
HomeДЕНЕШНАСкопјеГраѓаните по петти пат го одбранија паркот во Тафталиџе

Граѓаните по петти пат го одбранија паркот во Тафталиџе

Само една недела откако жителите по четврти пат го одбранија паркот во Тафталиџе, утрово повторно дојдоа багери и камиони со намера да почнат да копаат темели за изградба на петкатница во паркот на улица Букурешка. Граѓаните, главно пензионери, повторно се мобилизираа и ги спречија работниците и механизацијата да почнат со работа, пренесува порталот СакамДаКажам.

Жителите на овој дел од градот досега неколку пати на различни начни јавно покажаа дека се против градење зграда во паркот.

Park-taftalidze-5

Реакциите на жителите не ја поколебаа Општина Карпош да го донесе планот и да даде одобрение за градење и покрај уверувањата од градоначалникот Стевчо Јакимовски дека не уништуваат зеленило заради изградба на згради.