Thursday, Mar 28, 2024
HomeДЕНЕШНАСкопјеГраѓаните преку јавна анкета ќе одлучуваат за новиот Бит Пазар

Граѓаните преку јавна анкета ќе одлучуваат за новиот Бит Пазар

Деталниот урбанистички план за изградба на современ и нов бит-пазар е изработен, а во тек е јавна анкета на која граѓаните ќе може да ги изнесат своите забелешки, жалби и сугестии за решенијата предвидени со него, информира вчера градоначалникот на Чаир, Изет Меџити.

Јавната анкетата трае од 6 до 19 август, а утре локалната власт ќе организира и дебата со граѓани, на која ќе присуствуваат претставници од компанијата инвеститор, „Скопски пазар“, како и експерти по разни инфраструктурни прашања. Потоа планот, како што информираа надлежните, ќе биде ставен на дневен ред на Советот на Град Скопје.

Надлежните очекуваат со новиот план ќе се зголеми бројот на тезгите и ќе се направи и паркинг мето. На тој начин ќе се вклучат сите тезги кои сега се надвор од пазарот, со што ќе се отвори патот кон Театарот и улицата 192, а ќе се растовари и тротоарот до трговскиот центар “Мавровка”.

извор:Дневник