Thursday, Apr 25, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаГраѓаните на Општина Аеродром не го одбранија ДУП-от

Граѓаните на Општина Аеродром не го одбранија ДУП-от

Советот на Општина Аеродром го усвои планот за кој советниците од опозицијата предупредуваа дека ќе предизвика еколошка катастрофа оти предвидува уништување на зелени површини кај Мајчин дом и покрај Вардар, а на местото на сегашни градби превидува паркинзи.

Советниците го изгласаа планот и покрај протестот на жители на Аеродром кои се собраа пред општинската зграда. Тие поставија голем транспарент со порака „Стоп за новиот ДУП, сакаме Аеродром да дише“ и останаа пред општината се додека траеше седницата.

По усвојувањето на ДУП-от, револтираните граѓани најавија дека ќе го оспорат на Уставен суд.

„Сега чаре ни е само Уставниот суд оти имаме сериозни забелешки на планот кои не се замени предвид“, најавија дел од насобраните жители на Аеродром.

Деталниот план беше ставен ненадејно како дополнителна точка на дневен ред. Тоа уште повќе го зголеми револтот на жителите.