Tuesday, Apr 23, 2024
HomeРЕФЛЕКТОРТеатарГраѓаните на Крива Паланка уживаа во „Баскерфест“

Граѓаните на Крива Паланка уживаа во „Баскерфест“

Вчеравечер на плоштадот „ВМРО“ како и на дел од главната улица „Свети Јоаким Осоговски“ настапија околу 30 акробати од разни земји во светот по повод реномираниот Баскерфест.

Граѓаните на Крива Паланка по трети пат уживаа во акробациите на разни жонглери, магионичари и музичари. Градоначалникот на овој град, Арсенчо Алексовски, изјави дека „Баскерфест“ е само најава на богатата културна понуда за ова лето која ја приреди локалната управа на Крива Паланка и кој, како манифестација, претставува првиот меѓународен и мултикултурен уличен фестивал од ваков тип во регионот.

Следна манифестација на репертоар е „Кривопаланечко културно лето“ кое ќе се одржи утре, 10. јули, со „Осоговска староградска вечер“ која ќе се одржи на плоштадот „Карпошово востание“.