Friday, Apr 19, 2024
HomeДЕНЕШНАРепубликаГраѓани на протест побараа одговорност од здравствените власти

Граѓани на протест побараа одговорност од здравствените власти

Пред Владата на Република Македонија стотина граѓани на протест со мото „Доста е“ излегоа барајќи одговорност од здравствените власти за неодамнешните трагични случаи во кои бремена жена и нејзиното бебе починаа во болницата во Гевгелија бидејќи анестезиолозите биле пијани, а уште една бремена жена искрвари на Гинекологија во Скопје.

Оставка се бара од министерот за здравство Никола Тодоров кого го посочија за главен виновник за состојбите и мора да превземе морална одговорност. Пред собраните се обратија повеќе активисти, како и поранешниот министер за здравство Ѓорги Оровчанец. Тие порачаа дека бројноста ќе се зголемува секој ден и собирот ќе започнува во 18 часот.