HomeДЕНЕШНАСветГрадовите во Либија заработуваат 325 милиони евра од трговија со луѓе

Градовите во Либија заработуваат 325 милиони евра од трговија со луѓе

sluzbe-spasavanja-migranata-s

Приморските приходи во Либија остваруваат приход од 325 милиони евра секоја година од трговија со луѓе, тврди шефот на воената оперативна група на ЕУ во Средоземното море. Контра адмиралот Енрике Кредендино, во доверливо известување околу работата на „Операција Софија“, наведе дека трговијата со луѓе е главен извор на приходи меѓу локалните жители во либиските крајбрежни градови.

Кредендино додава дека исламските екстремистички групи „финансиски ги експлоатираат“ патиштата за трговија, кои водат низ африканскиот регион Сахел во Либија. Во извештајот, во кој се проценува работата на „Операција Софија“- поморските мисии со цел да го спречат приливот на мигранти во Европа, не се наведени деталите околу тоа како стигнале до бројката од 325 милиони евра.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com