Friday, Mar 29, 2024
HomeРЕФЛЕКТОРМузикаГрадот на кулите и мостовите ќе блесне во златен сјај овој викенд

Градот на кулите и мостовите ќе блесне во златен сјај овој викенд

Фестивалот ,,Златни Денови”  во  Кратово и годинава ќе ви приреди викенд за паметење.

Ова лето по втор пат во Кратово музиката ќе се спои со убавината на  високото гратче кое е рај за сечии очи.

Првиот ден од Златни Кратовски Денови 2015 ќе биде во чест и посветена на неповторливиот македонски народен пејач, Јонче Христовски, чии песни ќе бидат изведувани од страна на Виолета Томовска, Јордан Митев, Атина Апостолова, Ефто Пупиновски и Блага Петреска. Истите ќе бидат придружувани од оркестарот Академци под водство  на маестро Сашо Ливрински.

Kratovo 2

.Богата музичка програма, разните  изведувачи се најава за она што ќе се случува од 26-ти до 28-ми јуни. Бајага и Инструктори, Ѕвездите од X–Фактор, предводени од нашите овогодинешни претставници, Боби Мојсовски и Давид Темелков, овогодинешниот евровизиски претставник, Даниел Кајмаковски, Елена Ристевска, Куку Леле, Чалгија Саунд Систем, Виолета Томовска, Ефто Пупиновски, Блага Петреска се само дел од ѕвездите кои дополнително ќе го збогатат овој убав музички хепенинг и допринесат за весела и позитивна атмосфера

Kratovo 1

. Златни Кратовски Денови имаат забава и за најмладите кои сите три дена ќе се дружат со ѕвездичките од Златно Славејче.

Златните Денови Кратово започнуваат на 26-ти и траат се’ до 28-ми јуни. Сите правци викендот водат кон Градот на мостовите и кулите, Кратово.