Thursday, Apr 25, 2024
HomeДЕНЕШНАСкопјеГрадоначалникот Жерновски се пофали за казнувањето кафулиња, но не одговори за градежната офанзива во Дебар Маало

Градоначалникот Жерновски се пофали за казнувањето кафулиња, но не одговори за градежната офанзива во Дебар Маало

Продолжуваат казните поради бучава на кафулињата во општината Центар. Како што велат од општината со која раководи Жерновски, по бројните пријави на граѓаните за надминување на дозволената граница на гласност ма музиката, Општината постапила во поголемиот број пријави каде бил утврден прекршок.

„Општина Центар, по барање на граѓаните, континуирано ја проверува бучавата од кафе-баровите и кафеаните, кои се наоѓаат на нејзина територија.

Инспекциските служби извршија редовен надзор и констатираа дека максимално дозволеното ниво на бучава од 45 децибели, по 23 часот, за двојно го надмина кафе-барот “Чао“.

Надлежните од општина Центар издадоа платен налог за глоба од 500 евра за правното лице и 150 евра за одговорното лице. Доколку кафе-барот „Чао“ не ја плати казната, ќе се поднесе кривична пријава.

Општина Центар ќе продолжи да се грижи за мирот на жителите на општината и ги затоа ги повикува граѓаните да пријават бучава“, велат во соопштението од Општина Центар.

Градоначалникот Жерновски, од друга страна, немаше време да одговори на прашањата на „Позитив“ во однос на обвинувањата на негова сметка од граѓанската иницијатива „Во одбрана на Дебал Маало“. Граѓаните од оваа населба на минатиот собир беа крајно револтирани од индиферентноста на Градоначалникот во однос на најавите за градба во однос на измените на ДУП за Дебар Маало 1 и 2.
За градоначалникот, поважно беше да се пофали колку кафулиња казнила општината наместо да одговори „Уште колку треба да се уништува овој дел од Центар?“.