Friday, Apr 19, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаГрадоначалникот на Дебар со контроверзна изјава: Крвта и душата ни се во Тирана

Градоначалникот на Дебар со контроверзна изјава: Крвта и душата ни се во Тирана

Градоначалникот на Дебар Ружди Лата за ТВ АРТ даде контроверзна изјава дека Албанците од Македонија својата иднина ја гледаат во заеднички пат со Тирана.

– Единствена надеж за иднината на Дебар е патот на Арбер, ама не заборавајте кога ќе се изгади патот на Арбер, ние ќе заборавиме на другите, крвта и душата ни се во Тирана. Ние имаме во Тирана многу луѓе, само еден податок ќе ви спомнам, во Тирана има 150 доктори на науки само од Дебар и Дебар полека станува населба на Тирана. Нашиот сон верувам полека се реализира и од причина што на инстиктивен начин, кога управуваме едно возило секогаш раката оди десно, накај Тирана накај Албанија, тоа ни е носталгија што ја имаме во душата, во чувствата, во убедувањата свеста итн, изјави Лата.