Saturday, Apr 20, 2024
HomeДЕНЕШНАРегионГрадоначалникот на Будва уапсен заедно со уште неколку функционери

Градоначалникот на Будва уапсен заедно со уште неколку функционери

Градоначалникот на Будва, Лазар Раденовиќ и уште неколку високо позиционирани личности од будванската локална самоуправа, рано утрово се уапсени по налог на црногорското обвинителство под сомнение за организиран криминал, пишува српски Курир.

Меѓу уапсените се и менаџерката на градот Милена Маровиќ Богдановиќ, советникот на премиерот на Црна Гора Александар Тичиќ и поранешни челници на будванската општина Рајко Куљача и Драган Маровиќ.

Според проценката на судските вештаци ангажирани од обвинителството Општината Будва со изградбата на платото Јаз директно е оштетена за 2,1 милиони евра, а милионска штета е направена и со Анексот 3 за ТЦ Плаза. Сите уапсени се потписници на договорот за изградбата на објектите.