Tuesday, Apr 23, 2024
HomeДЕНЕШНАЕкономијаГрадоначалничката Фиреја со првата одлука го освои Букурешт

Градоначалничката Фиреја со првата одлука го освои Букурешт

Жителите на романската престолнина ќе се возат бесплатно во градскиот превоз, пишува денеска весникот „Зиарул финанчиар” во статија под наслов „Првата одлука, којашто Габриела Фирeја сака да ја донесе како градоначалник: Бесплатен транспорт за жителите на Букурешт”.

Изворот цитира и дел од изјавата на Фиреја во една емисија на телевизијата Бе-1. „Разговарав со стручни лица, ги разгледавме можностите и решив дека тоа може да се изведе. Се работи само за сообраќајот на патиштата, но не и за метрото, коешто припаѓа на Министерството за транспорт. Ова е економски план, кој за скоро време може да биде приложен“, рече градоначалничката.

Социјалдемократската партија ја доби романската престолнина на локалните избори, кои се одржаа неделава, а нивната претставничка освои 43,14 отсто од гласовите.