Friday, Apr 19, 2024
HomeФЕР ПЛЕЈФудбалГрад во Велс ќе се преименува во Бејл

Град во Велс ќе се преименува во Бејл

Популарноста на најдобриот велшки фудбалер на денешницата Герет Бејл одеднаш порасно по првите два натпревари на ЕУРО 2016, откако постигна два гола.

За таа цел, малиот град во северен Велс, Бала, до крајот на Европскиот шампионат во Франција ќе се преименува во Бејл во чест на репрезентативецот.

Целта на ваквиот потег е да се поддржи еден од најдобрите играчи во светот како и репрезентацијата на Велс на континенталниот собир во Франција.