Thursday, Apr 25, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаГрад Скопје реагира – ја проверуваме дипломата на директорот на Водовод

Град Скопје реагира – ја проверуваме дипломата на директорот на Водовод

Во однос на наодите за валидноста на дипломата на директорот на ЈП „Водовод и канализација“, Александар Атанасов, градот Скопје веднаш по изнесените наоди во јавноста на одредени организации, почна постапка на проверка на истите во соодветните државни институции, соопшти град Скопје.

„Градот се обрати до надлежните институции кои се надлежни за оваа проблематика и веднаш штом имаме одредени сознанија и одговори, за истите ќе ја информираме јавноста“, реагира град Скопје.