Thursday, May 28, 2020
HomeДЕНЕШНАПолитикаГрад Скопје ќe даде уште 3,5 милиони евра за Панорамското тркало

Град Скопје ќe даде уште 3,5 милиони евра за Панорамското тркало

panoramsko trkalo

Со ребалансот на буџетот на Град Скопје се планираат уште 3,5 милиони евра како субвенции за ЈСП како наводна помош поради потешкотиите во работењето, но тие пари ќе завршат за Панорамското тркало, порача денеска Драги Давчевски, координатор на советничка група на СДСМ и коалицијата во Совет на Град Скопје.

Тој нагласи дека советничката група што ја претставува остро се спротивставува на обидот на градската власт да го продолжи финансирањето на Панорамското тркало кое го гради ЈСП.

– Во услови кога буџетот на Град Скопје за период од првите 6 месеци има остварување под 30 отсто, со ребалансот се зголемуваат средствата за оваа непродуктивна градба. Градската власт во заминување предводена од ВМРО-ДПМНЕ, упорно настојува по секоја цена да го доврши овој доста критикуван и контроверзен проект. Откако по промената на централната власт беа прекинати донациите од државните институции за тркалото, се премина на форма со субвенции од градот Скопје. Ова е уште еден доказ од многуте во изминатиов период кои сведочат за расипничко трошење на народни пари за градби кои не се приоритет за граѓаните на Скопје – рече тој.