Friday, Apr 19, 2024
HomeДЕНЕШНАРепубликаГрад Скопје испрати помош во Тетовско

Град Скопје испрати помош во Тетовско

 

После поплавите кои синоќа го зафатија Тетовско при што згаснаа и детски животи, а предизвикани се и штети

Град Скопје рано изутринава испрати тим на лица, техничка помош и механизација за справување со поплавите во Тетовско.

– Испратени се две цистерни за влечење вода и седум цестерни за носење вода од ЈП „Водовод и канализација“ и ЈП „Комунална хигиена“, три противпожарни возила опремени со моќни пумпи за испумпување вода, како и неколку моторни пумпи со голем капацитет за испумпување вода, информира Град Скопје.

Со техничката помош на терен во поплавените делови испратена е и екипа од над 70 лица, составена од пожарникари од Противпожарната бригада на Град Скопје, поголем број лица од Штабот за заштита и спасување на Град Скопје, како и од јавните претпријатија на Град Скопје.

Штабот за заштита и спасување на Град Скопје ќе ја следи состојбата на терен и доколку има потреба ќе испрати дополнителна помош.