Saturday, Apr 20, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаГрад Скопје ги исече дрвата и зеленилото пред ГТЦ

Град Скопје ги исече дрвата и зеленилото пред ГТЦ

Акцијата да не остане ниту едно дрво во центарот на Скопје продолжува, пишува „А1он“. Повеќе го нема зеленилото и дрвјата пред ГТЦ кои со години беа тука. Не е јасно која е причината за овој потег на просторот кој е во надлежност на Град Скопје.

Досега се уништени и исечени многу дрвја во централното градско подрачје, а исчезнаа и парковите. На нивното место се појавуваат барокни зданија, а зеленилото кое со децении беше одржувано се компензира со палми кои беа скапо платени, а речиси сите се исушија во текот на зимата.