HomeДЕНЕШНАРепубликаГоворот на омраза зачестува во предизборието, ранливите групи изложени на напади

Говорот на омраза зачестува во предизборието, ранливите групи изложени на напади

1

Денеска се одржа осмиот Марш на Толеранцијата во Скопје. Граѓанските активисти маршираа од музејот на Град Скопје до платото пред Штуловиот Универзитет со слоганот „Омразата е слабост“. Активистите ги повикаа МВР, Јавните обвинители и судовите да преземат итни и неодложни мерки за гонење и санкција на говорот на омразата. Од Хелсиншкиот комитет кој е организатор на Маршот, велат дека општествено ранливите и маргинализирани групи секојдневно се изложени на говор на омраза, но и на насилни напади. Тие се искористувани во дневно политички судири и се жртви на истите.

Активистите велат дека во предизборието се особено зачестени случаите на употреба на говор на омраза. Тие преку кратки филмови и со јавни обраќања ја пренесоа пораката дека говорот на омраза не завршува на зборови туку продуцира насилство. Пред собраните се обрати и претставник од ЛГБТ заедницата кој го раскажа својот случај. Тој едвај спасил жива глава од вооружен напаѓач, кој претхотдно избодел уште едно лице. Случајот се уште нема правна развршница.

5

2

3

4

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com