Thursday, Apr 25, 2024
HomeДЕНЕШНАЦрна хроникаГостиварец се обидел да внесе 30 килограми марихуана

Гостиварец се обидел да внесе 30 килограми марихуана

Шеесет и едногодишен гостиварец се обидувал да пренесе 30 килограми марихуана преку Македонија. Тој е уапсен на граничниот премин „Богородица“. Против него поднесена е кривична пријава за трговија со дрога, а судија на претходна постапка му одреди триесетдневен притвор.

Според полициските инфромации, тој дрогата ја купил во Албанија и сакал да ја препродае во Истанбул каде би инкасирал околу 100 илјади евра. Гостиварецот, околу 19 часот, се појавил на граничниот премин со автомобилот на својата сопруга во кој имало направено специјален бункер каде била сокриена дрогата. Тој не знаел дека полицајците веќе знаеле за транспортот па застанал на редовката контрола како ништо да не се случува.

Автомобилот веднаш бил селектиран за детален преглед а во претресот било користено и службено куче кое веднаш ја намирисало дрогата. Бункерот бил поставен во долниот дел на подвозјето под седиштата на возилото а во него биле
триесет пакувања завиткани во алуминиумска фолија.

Засега нема информација со кого стапил во контакт во Албанија и од кого ја купил марихуаната како и кому требало да ја продаде во Турција.