Monday, May 1, 2017
HomeДЕНЕШНАЦрна хроникаГостиварец паднал од втор кат од зграда, состојбата е критична

Гостиварец паднал од втор кат од зграда, состојбата е критична

Маж (Ц. Н.) на возраст од 52 години паднал од вториот кат на зградата во која живеел, во близина на местото Долна Бањица. Жртвата се здобила со тешки повреди на телото поради кои морала да биде пренесена во скопските клиники.

Од СВР Тетово се наоѓаат на местото на несреќата и засега причините за падот се неутврдени. Во моментот на падот, Ц. Н. бил сам дома, а според последните информации состојбата на мажот е критична.