HomeДЕНЕШНАЦрна хроникаГостиварец со штрафцигер го прободел соседот поради лошо поставен олук

Гостиварец со штрафцигер го прободел соседот поради лошо поставен олук

policija-lenta-telo

Полицијата од Гостивар поднесе кривична пријава против Џ.Д. (55) кој е осомничен за насилство. Тој повикал мајстор, негов сосед да постави олук на неговата куќа, но олукот не бил поставен според договорот. Кога Џ.Д. видел дека олукот е поставен спротивно на договорот, му се јавил на соседот да се видат, но истиот не можел веднаш да одговори на барањето. Дошол околу 17 часот и видел дека олукот бил искршен.

Кога влегол во дворот на Џ.Д. настанала расправија, по што соседот со нога му направил оштетување на возило „Застава 101“, па зел шрафцигер и го нападнал соседот, нанесувајќи му исекотина во десното рамото. Џ.Д., во намерата да го продолжи делото, но бил спречен од друг сосед кој успеал да му го одземе шрафцигерот.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com