Thursday, Mar 30, 2017
HomeДЕНЕШНАЕкономијаГостивар доби нов трговски центар

Гостивар доби нов трговски центар

Гостивар вчера доби нов трговски центар, инвестиција на косовската компанија „Елкос“. Трговскиот центар е сместен на просторот на поранешната фабрика „Силика“ и се протега на површина над 6.000 метри квадратни. За почеток во овој трговски комплекс ќе бидат вработени стотина лица.

Директорот на компанијата Рамиз Келменди рече дека станува збор за трговски комплекс кој ќе понуди широк асортиман на производи од храна, играчки, облека до техника за домаќинство. Градоначалникот на Гостивар, Невзат Бејта оцени дека се работи за капитална бизнис инвестиција во Гостивар која ќе придонесе многу за развојот на економијата во градот.

Компанијата има дваесетина трговски центри во Косово и по еден во Албанија и Црна Гора. Во Македонија ова е втор трговски центар по оној што лани беше отворен во Штип. Планот на инвеститорите е во склоп на „Елкос“ во Гостивар да биде отворен и откупен центар за зеленчук и овошје.